Свет

Бројот на жртви во несреќата со жичарницата во Лисабон се искачи на 17

Бројот на жртви во несреќата со жичарницата во Лисабон се искачи на 17

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата Глорија излета од шините, се искачи на 17, додека 21 лице е повредено, од кои седум се со тешки повреди, соопшти денес португалската Цивилна заштита.

Полицијата претходно објави дека 15 лица се повредени, но уште две починале во текот на ноќта, пишува португалскиот портал Executive Digest.

Директорката на португалската Цивилна заштита, Маргарида Кастро Мартинс, изјави дека меѓу жртвите има четворица Португалци, двајца Германци, двајца Шпанци, еден Јужнокореец, еден Каповерѓанец, еден Канаѓанец, еден Италијанец, еден Французин, еден Швајцарец и еден Мароканец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни