Свет

Путин: Одлуката за безвизен режим со Кина е многу важна

Путин: Одлуката за безвизен режим со Кина е многу важна

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека одлуката на Кина да ги укине визите за руските граѓани е „многу значајна“.

„Ова е всушност многу значајна одлука и љубезен гест од страна на раководството на Народна Република Кина. Укинувањето на визите сигурно ќе доведе до зголемување на бројот на патувања на руски граѓани во Кина и ќе придонесе за развој на бизнисот и развој на деловните и личните контакти“, рече рускиот лидер на средбата со член на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и потпретседател на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес Ли Хонгџонг.

Тој изјави дека за време на неговата посета на Кина, разговарал за многу прашања со претседателот на таа земја, Си Џинпинг, но дека за време на личниот разговор, тие „не ја достигнале оваа тема“, пренесува ТАСС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни