Хеликоптер се урна во близина на аеродромот Ерлејк, во близина на градот Лејквил во американската држава Минесота, а во несреќата нема преживеани, соопшти локалната полиција.
Полицијата соопшти дека несреќата е пријавена вчера околу 14:45 часот по локално време, но не е објавено колку лица биле во хеликоптерот, објави денес CBS News.
Несреќата ќе ја истражат истражители од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), заедно со Федералната администрација за воздухопловство.