Свет

По руските напади, Зеленски ги повика сојузниците да спроведат сè што е договорено

По руските напади, Зеленски ги повика сојузниците да спроведат сè што е договорено

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во својата прва изјава по масовните руски напади во текот на изминатата ноќ, ги повика сојузниците да „спроведат сè што беше договорено во Париз“.

Во објава на Телеграм, Зеленски рече дека во текот на ноќта Украина била погодена од „повеќе од 800 беспилотни летала и 13 ракети, од кои четири се балистички“, пренесува Укринформ.

Повикувајќи се на извештаите дека жена (32) и нејзиното двомесечно дете биле убиени во Киев, Зеленски рече дека ваквите убиства, во време кога „вистинската дипломатија можеше да започне одамна“, претставуваат „намерно злосторство и продолжување на војната“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни