Свет

Експлозија во фабрика за огномет во Неапол: Еден работник загина!

Експлозија во фабрика за огномет во Неапол: Еден работник загина!

Едно лице загина, а двајца пожарникари се повредени во силна експлозија што се случи попладнево во фабрика за огномет во неаполскиот кварт Пјанура, на периферијата на градот.

Експлозијата се случила околу 16:00 часот, на улицата Вичинале Гротоле број 10.

Екипи на карабинери, пожарникари и брза помош веднаш дошле на местото на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни