Свет

Принцот Хари донира 1,1 милион фунти на хуманитарна организација

Принцот Хари донира 1,1 милион фунти на хуманитарна организација

Принцот Хари денеска соопшти дека донира 1,1 милион фунти (околу 1,27 милиони евра) на хуманитарната организација BBC „Children in Need“, што претставува една од најголемите поединечни донации од член на британското кралско семејство.

Соопштението беше дадено за време на посетата на војводата од Сасекс на Нотингем, град во централна Англија, што е негова прва посета на Британија во последните пет месеци и една од најистакнатите посети откако во 2020 година се повлече од кралските должности, пренесува Ројтерс.

Средствата ќе им помогнат на младите во заедниците погодени од насилство и криминал со употреба на ножеви, особено во Нотингем, соопшти организацијата „Children in Need“, која од 1980 година има собрано повеќе од една милијарда фунти за поддршка на хуманитарни организации и проекти низ Британија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни