Свет

ФОТО Дали ова е убиецот на Чарли Кирк?! ФБИ објави фотографија од осомничениот, апел до јавноста за помош!

ФОТО Дали ова е убиецот на Чарли Кирк?! ФБИ објави фотографија од осомничениот, апел до јавноста за помош!

ФБИ во Солт Лејк Сити ги објави првите фотографии од лице од интерес во врска со бруталната пукотница во која беше убиен американскиот десничарски активист Чарли Кирк, основач на Turning Point USA. Агенцијата ги повика граѓаните веднаш да се обратат до надлежните органи доколку го препознаат лицето или имаат какви било информации.

Кирк беше убиен синоќа, 10 септември 2025 година, за време на јавен настан на Универзитетот Јута Вали во Орем, пред околу 3.000 луѓе.

Додека одговараше на прашања од публиката, беше погоден од снајперски истрел испукан од зграда оддалечена околу 60 метри. Очевидци тврдат дека напаѓачот потоа се споил со собраните студенти.

Во близина беше пронајдена високопрецизна пушка, додека две лица беа приведени, но набрзо ослободени бидејќи не беа поврзани со злосторството.

Смртта на Чарли Кирк одекна низ американската политичка сцена.

Доналд Трамп го нарече „маченик на вистината“ и најави дека постхумно ќе го добие Претседателскиот медал за слобода.

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, истакна дека станува збор за „политичка егзекуција“ и остро го осуди недостатокот на безбедносни мерки на настанот.

Истрагата е во тек

ФБИ нагласи дека истрагата продолжува и дека помошта на јавноста е клучна за идентификување на осомничениот. Фотографиите од лицето од интерес беа објавени во официјално соопштение, додека полицијата апелира за трпение и соработка од граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни