Свет

Британскиот принц Хари и полскиот министер Сикорски пристигнаа во неочекувана посета на Киев

Британскиот принц Хари и полскиот министер Сикорски пристигнаа во неочекувана посета на Киев

Британскиот принц Хари утрово пристигна во ненадејна посета на Киев, а полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, во исто време пристигна во ненадејна посета на украинската престолнина, а беше пречекан од неговиот украински колега Андриј Сибиха, објави „Униан“.

Новата британска министерка за надворешни работи Ивет Купер, како што е најавено, исто така ќе пристигне во Киев во текот на денот, а тоа ќе биде нејзина прва посета во странство откако е назначена на функцијата, објави „Ројтерс“.

Се очекува Купер да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и да го објави доделувањето на 142 милиони фунти нова поддршка за Украина, според „Ројтерс“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни