Македонија

Се бара Ѓорѓе Серафимовски од тетовско – доколку го забележите јавете се во полиција!

Се бара Ѓорѓе Серафимовски од тетовско – доколку го забележите јавете се во полиција!

Се бара 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од селото Фалише, кој утринава околу 10 часот излегол од својот дом со намера да се упати кон Тетово, но оттогаш му се губи трага.

Семејството апелира до граѓаните доколку го забележат да ја известат полицијата или да се јават директно кај нив.

Според описот, Серафимовски бил облечен во блуза со крагни и пруги, плави кратки панталони и носел шапка во крем боја.

Доколку имате информации, веднаш јавете се на бројот за итни случаи 112, во полиција на 192 или кај семејството на 077 993 984.

Апелот е итен, а секоја информација може да биде од огромно значење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни