Министерството за надворешни работи на Македонија остро ја осуди провокацијата на Русија, која со три борбени авиони го наруши воздушниот простор на Естонија.
„Ова е сериозна и опасна провокација. Силно го осудуваме овој неодговорен чин и стоиме во целосна солидарност со Естонија и сите наши сојузници. Обединети, остануваме цврсти и решителни во одбраната на нашата заедничка безбедност,“ истакна Министерството на својот официјален Твитер-профил.
Северна Македонија повтори дека ќе продолжи да ја поддржува безбедноста и стабилноста на сојузниците во НАТО и во регионот.