Свет

Трамп вети американска поддршка за безбедносни гаранции за Појасот Газа

Трамп вети американска поддршка за безбедносни гаранции за Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети американска поддршка за безбедносни гаранции за окупираниот Појас Газа и изрази верување дека договорот за преостанатите израелски заложници што ги држи палестинската група Хамас во таа енклава е при крај.

Во разговор со новинарите во Овалната соба пред почетокот на разговорите со канадскиот премиер Марк Карни, Трамп рече дека смета оти постои можност да се постигне мир на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

„Многу сме блиску до постигнување договор за Блискиот Исток што ќе донесе мир во тој регион по сите овие години“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни