Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека не ги решавал војните за да ја добие Нобеловата награда за мир, туку за да спаси животи и нагласи дека нема став по прашањето за можна палестинска државност.
„Никој во историјата не ги спречил осумте војни за девет месеци, а јас го направив тоа. Но, тие ќе прават што сакаат. Што и да прават, во ред е. Не го направив тоа за наградата. Го направив тоа затоа што спасив многу животи“, објави Гардијан.
Во исто време, Трамп изрази оптимизам во врска со решавањето на преостанатите прашања што не се опфатени со првите фази од договорот за прекин на огнот во Газа, но нагласи дека не сака да заземе став за идна палестинска држава.
Трамп: Не ги решавав војните за Нобеловата награда, туку да спасам животи!