Шпанската метеоролошка служба Аемет денес издаде црвен метеоролошки аларм за регионите Мурсија и Валенсија, каде што се очекува да наврнат до 180 литри дожд на квадратен метар за 12 часа, јавуваат локалните медиуми.
Обилните врнежи од дожд се резултат на бурата Алис, а предупредувањето ќе важи до полноќ по локално време, објави агенцијата Ефе.
Во регионот Мурсија, најмногу врнежи се очекуваат во градовите Кампо де Картахена и Мазарон, каде што би можеле да наврнат 60 литри дожд за еден час.
Шпанија: Црвен метеоролошки аларм во регионите Мурсија и Валенсија