Орце Ѓорѓиевски ја презентираше финансиската состојба во која го затекнал Градот, опишувајќи ја како катастрофална.
„Јас вчера го затекнав градот со 40 милиони денари на сметка и со сериозни долгови, особено долгови на јавните претпријатија“, изјави градоначалникот.
Тој упати директни обвинувања за недомаќинско работење во ЈП Водовод и канализација, тврдејќи дека додека „пола Скопје летно време нема вода за пијање“, во магацините на претпријатието има 4 магацини полни со материјали и цевки кои биле набавени, а воопшто не биле употребувани во изминатите 4 години.
Најави сериозни ревизии за тоа каде отишле парите на граѓаните и повика на истрага за злоупотреби при ангажирање на камиони под „интелектуални услуги“ кои користеле ресурси (сервис, гуми) од јавните претпријатија.