На прашањето дали министерот Трипуновски ќе биде дел од владината реконструкција, тој за Сител изјави дека одлуката за составот на владата ја носи премиерот Христијан Мицкоски.
„Секоја негова одлука, каква и да е, ќе се почитува. Единствен приоритет е да се работи за подобрување на македонскиот аграр, којшто беше во многу лоша состојба, наследен од претходната власт“, рече Трипуновски.