Свет

И авионот на папата Лав XIV со софтверски проблем

И авионот на папата Лав XIV со софтверски проблем

Авионот на папата Лав XIV исто така бил погоден од проблемите со сончевото зрачење на „Ербас“. Техничар бил испратен од Рим во Истанбул за да замени компонента и да изврши ажурирање на софтверот на папскиот „Ербас А320“, соопшти Ватикан.

Новинарите што патуваа со Папата беа информирани дека работата е завршена во сабота попладне.

 Лео XIV пристигна во Турција со овој авион и денес патува за Либан. Моделот е A320 Neo и беше на листата од над 6.000 машини на кои им се потребни поправки.

Големите авиокомпании моментално тврдат дека ажурирањето на софтверот ќе се изврши без нарушување на воздушниот сообраќај. Досега, навистина нема поголеми проблеми на аеродромите низ целиот свет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни