Македонија

ПОНИШТЕН ОГЛАСОТ ЗА ИДНИ СУДИИ: Управниот одбор ја стопираше деветтата генерација

ПОНИШТЕН ОГЛАСОТ ЗА ИДНИ СУДИИ: Управниот одбор ја стопираше деветтата генерација

Постапката за прием на слушатели во деветтата генерација на Академијата за судии и обвинители е официјално поништена. Оваа одлука беше донесена денеска на седница на Управниот одбор, со 6 гласови „ЗА“ и 3 гласови „ПРОТИВ“.

Со ваквото гласање, процесот за избор на нови кандидати е вратен на самиот почеток. Сите досегашни фази и постигнати резултати на пријавените кандидати со оваа одлука стануваат неважечки.

Иако официјалното образложение допрва ќе се прецизира, одлуката доаѓа по низа јавни контроверзии и правни дилеми кои го следеа целиот процес на тестирање. Ова е тежок удар за институцијата, но и за кандидатите кои со месеци ги поминуваа филтрите за селекција.

Академијата сега ќе мора да објави нов оглас за прием на слушатели. Останува отворено прашањето кога ќе биде отпочната новата процедура и дали ќе бидат воведени нови механизми за контрола за да не се повтори денешното сценарио.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни