Свет

Драма на европското небо: Воени авиони опколиле патнички авион, наредено итно слетување

Драма на европското небо: Воени авиони опколиле патнички авион, наредено итно слетување

Шпанската полиција опколи патнички авион кој слета на аеродромот во Барселона откако доби пријава за закана во авионот.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ полета од аеродромот во Истанбул во четврток наутро и беше забележан како лета во близина на италијанскиот брег околу 10 часот наутро.

Шпански и француски воени авиони беа испратени да го придружуваат авионот над Средоземното Море. Авионот слета на шпанскиот аеродром Ел Прат, на најоддалечената писта, околу 11 часот наутро и веднаш беше опкружен од специјални сили, кои се качија во авионот.

Авионот „Ербас А-321“ превезуваше 148 патници и седум членови на екипажот кога слета, и сите беа претресени, а специјалната полиција користеше кучиња трагачи, објавија локалните медиуми.

Каталонската влада го активираше планот „Аерокет“, посебен план за вонредни состојби во воздухопловството. Сè уште не е познато каква беше заканата, а шпанската полиција ќе даде соопштение за сè по завршувањето на операцијата, објавува „Дејли меил“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни