Македонија

Пожар во село Локвени, целосно изгореа 500 тони сено, 350 тони слама и механизација!

Пожар во село Локвени, целосно изгореа 500 тони сено, 350 тони слама и механизација!

На 22.02.2026 во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар на настрешница, сопственост на А.Т.(39) од с.Локвени. 

Од пожарот се зафатени и изгорени 500 тони сено, околу 350 тони слама и земјоделска механизација.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица  Кривогаштани, а повредени лица нема.

Увидот бил извршен од увидната екипа на ОВР Прилеп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни