Македонија

Тешко повредено 14-годишно девојче во сообраќајка во Куманово

Тешко повредено 14-годишно девојче во сообраќајка во Куманово

Четиринаесетгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од товарно возило на улица во градот, информираат од полицијата.

Според податоците, несреќата се случила на 6 април околу 15:25 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, кога товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од 34-годишен возач од Куманово, удрило во малолетничката.

Повреденото девојче било пренесено во Општата болница во Куманово, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, на местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни