Македонија

Приведен турски државјанин – пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа

Приведен турски државјанин – пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа

На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје.

При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни