Македонија

Двајца пешаци повредени откако ги удрило возило на крстосница во Скопје

Двајца пешаци повредени откако ги удрило возило на крстосница во Скопје

На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни