По три години од скандалот во тетовската болница, анестезиологот Валтон Дервиши е на чекор до враќање на работното место.
Иако првично беше осуден на 15 месеци затвор за неовластено снимање пациенти и персонал, судските преиначувања на казната и процедурални пропусти го отворија патот за негово враќање.
Судовите го поништија решението за негово отстранување од работа, констатирајќи дека нема доволна основа за трајно одземање на лекарската лиценца.
Првичната затворска казна е заменета со поблаги процедури, а дел од обвиненијата се преквалификувани.
Ниту колегите, ниту сниманите пациентки не се приклучиле кон кривичниот прогон, што дополнително му одеше во прилог на обвинетиот.
Болницата во Тетово поднесе барање за ревизија до Врховниот суд, која е последната надеж за спречување на неговото враќање, но одлука сè уште нема.
Според Законот за работни односи, отказ следува само доколку затворската казна е подолга од шест месеци или ако со правосилна одлука му е изречена забрана за вршење на дејноста — услови кои во овој случај моментално не се исполнети.