Македонија

Митева: Наследивме погрешни политики – Европските вредности ќе ги донесеме со дела, а не со зборови

Митева: Наследивме погрешни политики – Европските вредности ќе ги донесеме со дела, а не со зборови

Во завршниот дел од своето интервју за 4ТВ, портпаролката на Владата, Марија Митева, ја реофирмираше стратешката определба на државата за членство во Европската Унија, но упати сериозни критики за начинот на кој претходната власт на СДСМ и ДУИ ги водела преговорите, оставајќи ја земјата во „вечна чекалница“.

Митева појасни дека новата владина дипломатија се темели на достоинство и заштита на државните интереси, напуштајќи го концептот на постојани отстапки кои не гарантираат резултат.

„Наследивме погрешни политики. Доведени сме во ситуација каде што дијалогот изостанува, а остануваат само условите и ултиматумите. Многу отстапки беа направени во минатото без да имаме видлив крај. Таков начин на водење надворешна политика мораме да го напуштиме, бидејќи само лошо ни донесе и нè остави пред вратите на ЕУ, иако ни ветуваа дека ќе бидеме рамноправни на масата“, истакна Митева.

Наместо апстрактни дебати за Европа, фокусот на Владата сега е ставен на конкретни реформи кои ќе ги донесат европските стандарди дома. Митева нагласи дека темпото е значително забрзано.

  • Реформска агенда: Исполнувањето на чекорите е во полн ек, со по неколку состаноци неделно.
  • Докажување со дела: „Европските вредности не се нешто апстрактно за кое само треба да зборуваме, туку нешто што треба да го покажеме на дело преку институционални промени.“

Одговор на критиките

Запрашана дали забрзаното темпо е резултат на критиките од јавноста или опозицијата, портпаролката беше децидна дека тоа е дел од нивната внатрешна динамика и ветување пред граѓаните.

„Работиме на она што е наша домашна задача. Постојано ни се испорачуваат нови барања, а од другата страна никако да добиеме одговор дека ова е последното. Затоа, наместо да чекаме, ние го забрзуваме темпото на реформите за државата да биде подготвена кога ќе дојде моментот за реален напредок“, заклучи Митева.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни