Свет

Најголемиот американски носач на авиони се врати дома по 11 месеци на море

Најголемиот американски носач на авиони се врати дома по 11 месеци на море

Најголемиот носач на авиони во светот, USS „Џералд Р. Форд“, денес се врати во својата база во Вирџинија по 11-месечно распоредување, најдолго уште од Виетнамската војна, за време на кое учествувал во американската воена операција против Иран и операцијата за апсење на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.

Најнапредниот американски воен брод, заедно со два придружни разорувачи, пристигна во поморската база Норфолк, каде околу 5.000 морнари за првпат од јуни ги дочекаа своите семејства, пренесува АП.

Покрај борбените операции и пловењето низ повеќе региони во светот, екипажот на носачот се соочил и со пожар кој не бил поврзан со борбени дејства, поради што стотици морнари останале без место за спиење и биле принудени на повеќенеделни поправки на грчкиот остров Крит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни