Македонија

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачје на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека подолг период таа и нејзиниот сопруг биле малтретирани од нивниот 19-годишен внук М.Т., кој им барал пари и им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2026 во 16:25 во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2026 во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 31-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:00 часот во Струмица физички го нападнал неговиот брат. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни