Македонија

Малолетник приведен во Градскиот парк – бил агресивен кон полицијата и имал 1,82 промили алкохол во крвта!

Малолетник приведен во Градскиот парк – бил агресивен кон полицијата и имал 1,82 промили алкохол во крвта!

На 20.05.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што во Градскиот парк на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

При извршени проверки над него, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни