По долг период на запуштеност и бројни реакции од граѓаните, започна акција за расчистување и уредување на просторот околу Железничка станица Скопје.
Екипи денеска работат на отстранување на отпадот, чистење на јавните површини и подобрување на хигиената, но и кречење на истата која е лоцирана во еден од најфреквентните делови на градот.
Граѓаните велат дека ваква акција била неопходна одамна, особено поради големиот број патници и туристи кои секојдневно поминуваат низ станицата. Очекувањата се дека надлежните институции ќе продолжат со редовно одржување и ќе спречат повторно создавање на нехигиенски услови.