Македонија

СОЗР расчисти со „кршот“: Продадени 104 хаварисани службени возила како старо железо

СОЗР расчисти со „кршот“: Продадени 104 хаварисани службени возила како старо железо

Како држава сè уште немаме точна евиденција за вкупниот број на службени возила, ниту пак прецизна бројка колку од нив се целосно неупотребливи, алармира директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Сепак, тој информираше дека службата веќе започнала со чистење на сопствениот возен парк од возила кои со години беа заборавени.

Според Томовски, само во рамките на СОЗР досега се расходувани повеќе од 100 возила кои со години стоеле нефункционални и правеле метеж.

„Расходувани се точно 104 возила во нашата институција кои едноставно ‘седеа’ на плац. Направивме проценка, објавивме јавен тендер и сите ги продадовме. Станува збор за возила со нула вредност, односно хаварисани автомобили, па затоа и самиот тендер гласеше: ‘продажба за старо железо’“, истакна Томовски.

Со оваа постапка, освен што е ослободен простор на плацовите на службата, затворено е уште едно поглавје на неефикасно менаџирање со државниот имот кој со децении бил оставен да пропаѓа без никаква корист за буџетот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни