Свет

Украинците со дронови нападнаа руски танкер и складиште за нафта

Украинците со дронови нападнаа руски танкер и складиште за нафта

Украински беспилотни летала погодија танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир преку ноќ, соопштија властите во јужните региони Ростов и Краснодар.

Според Ројтерс, гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар, изјави на Телеграм дека пожарите врз танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, се изгаснати.

Две лица се повредени, а не се пријавени излевања на нафта, додаде функционерот.

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, изјави дека градот останува под вонредна состојба, воведена на 27 мај.

Во соседниот Краснодарски крај, властите во Армавир, град со 185.000 жители, изјавија дека пожарот во складиште за нафта во индустриската зона на градот е ставен под контрола и дека нема пријавени повредени.

Гувернерот на Ростовскиот регион изјави дека речиси 50 беспилотни летала се соборени во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни