Македонија

Македонските универзитети тонат: УКИМ го нема ни на листата Глобал 2000

Македонските универзитети тонат: УКИМ го нема ни на листата Глобал 2000

Се менуваат министри, се менуваат ректори, но квалитетот на високото образование на најголемиот и најстар универзитет во земјава – УКИМ, паѓа незапирливо. На најновата светска листа „Глобал 2000“, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR), нема ниту еден претставник од Македонија.

Рангирањето е направено со детална анализа на дури 81 милион конкретни податоци, без потпирање на анкети или субјективни извештаи од самите институции.

За разлика од нас, регионот е стабилно позициониран. Најдобар пласман од земјите на поранешна Југославија има Универзитетот во Белград, кој се наоѓа на високиот 393. зграда во светот. Србија доминира во опкружувањето со уште три претставници (Нови Сад, Крагуевац и Ниш). Хрватска има три свои претставници, предводени од Свеучилиштето во Загреб (522. место), додека Словенија има два, каде Универзитетот во Љубљана е на 444. позиција.

ЗемјаУниверзитетПозиција на листата
СрбијаУниверзитет во Белград
Универзитет во Нови Сад
Универзитет во Крагуевац
Универзитет во Ниш
393.
1.136.
1.549.
1.886.
СловенијаУниверзитет во Љубљана
Универзитет во Марибор
444.
1.293.
ХрватскаСвеучилиште во Загреб
Универзитет во Сплит
Универзитет во Риека
522.
953.
1.658.

На глобално ниво, апсолутен лидер останува Универзитетот Харвард. САД имаат дури осум претставници во Топ 10, но Кина годинава е прва по вкупен број институции (360) во првите две илјади, пред сојузните држави (313).

Одлични резултати бележат и Јапонија со 102 универзитети, Велика Британија со 89 (каде Кембриџ е најдобар јавен универзитет во светот) и Франција со 71 претставник.

Оценувањето се врши според четири клучни столбови: квалитетот на образованието (25%), вработливоста на дипломираните студенти (25%), квалитетот на наставниот кадар (10%) и научно-истражувачката работа (40%).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни