Бартоломео Бени Фичето оваа недела полни 98 години, но него пензија не го интерсира.
„Мора да уживате во својата работа, мора да уживате во тоа што го работите. Гледам луѓе како трчкаат наоколу и велат: ’Леле морам да одам на работа!’ Тоа е смешно“, изјави Бени.

Бени не се жали на работата, напротив, се надева дека ќе може да работи уште една смена.
Симпатичниот старец отсекогаш напорно работе.л. На 19 години и се приклучил на војската и учествувал во Втората светска војна како пилот. Подоцна работел неколку различни работи и заминал во пензија на 80 години. Меѓутоа, енне можел да престане да работи па пред 10 години се вработил во продавница. Работи две смени неделно по 4 часа.
Неговиот шеф тврди дека уживаат во неговото друштво и дека има одлична смисла за хумор. Бени на работа никогаш не одмара зошто тврди дека тоа е губење време.
Бидејќи Бени е нешто како локален херој, луѓето одлучија да го наградат така што му приредија журка за роденденот.
Кога дошол до маркетот, го дочекаат пријатели од работа и му пееле. Изненадениот Бени на сите им се заблагодарил и потоа ги послужил со торта по што брзо се вратил да работи зошто “не сака паузи“.