Македонија

Перински: Не градиме површни решенија, туку процеси кои ќе траат многу подолго од нашите мандати

Перински: Не градиме површни решенија, туку процеси кои ќе траат многу подолго од нашите мандати

На крајот од своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потенцираше дека неговиот личен мотив не е задоволството од моменталната позиција, туку видливите резултати за граѓаните и долгорочните системски промени.

Министерот изрази огромна благодарност до својот тим во Министерството, нагласувајќи дека без нивната посветеност немало да биде можна реализацијата на зацртаните цели.

„Дали јас сум задоволен е најмалку битно, важно е граѓаните да бидат задоволни. Мојот императив е да го дадам максимумот за да ги поместиме работите кон подобро. Горд сум на луѓето кои работат со мене, бидејќи безрезервно посветуваат огромен дел од своето време на обврските на Министерството“, истакна Перински.

Тој додаде дека фокусот на оваа Влада не е насочен кон површни проекти, туку кон суштински реформи кои ќе остават траен белег во државата.

„Сакаме да создадеме системски процеси кои ќе траат многу подолго отколку што траат нашите политички мандати. На крајот на денот, граѓаните се тие кои го даваат конечниот политички суд за мојот перформанс и работа. Добро сме позиционирани, секогаш може и подобро, но сметам дека сме соодветно екипирани за сите предизвици“, заклучи министерот Перински во своето интервју.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни