Македонија

Сите осомничени во случајот со ФФМ обезбедени, Обвинителството продолжува со постапката

Сите осомничени во случајот со ФФМ обезбедени, Обвинителството продолжува со постапката

Сите лица опфатени со истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени и во моментов нема осомничени кои се недостапни за органите на прогонот, информираа од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Од Обвинителството соопштија дека денеска за двајца осомничени се определени мерки на претпазливост, додека на едно лице му е одредена мерка куќен притвор.

„Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и еден куќен притвор, така што сите осомничени се обезбедени, никој не ни недостасува“, наведоа од Обвинителството.

Со новите одлуки, сите лица опфатени со предметот се достапни за понатамошното водење на истражната постапка.

Од надлежното обвинителство засега не откриваат повеќе детали за идентитетот на осомничените, ниту за конкретните дејствија кои им се ставаат на товар.

Истрагата за случајот со ФФМ продолжува, а институциите дополнително ќе информираат за текот на постапката кога ќе има нови детали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни