Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Македонија

Анализите покажаа: Охридското Езеро безбедно за капење!

Анализите покажаа: Охридското Езеро безбедно за капење!

Охридското Езеро и ова лето останува со добар квалитет на водата за капење, покажуваат последните анализи направени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“.

Во текот на првата декада од месецот, стручните екипи извршиле физичко-хемиско испитување на водата на 11 мерни точки долж потегот од авто-кампот „Андон Дуков“ до хотелот „Ројал“.

Резултатите покажале дека на осум мерни места водата е класифицирана како прва класа, додека на две локации е утврден квалитет од втора класа. Само на плажата „Грашница“ водата е оценета како трета класа.

Според законските прописи, капење е дозволено во води кои припаѓаат на прва и втора класа, што значи дека најголем дел од испитаните локации ги исполнуваат условите за безбедно користење.

Примероците биле земени на оддалеченост од 20 до 100 метри од брегот, на длабочина од два до три метри. Анализирани биле локациите кај авто-кампот „Андон Дуков“, плажата „Грашница“, „Лабино“, пред хотел „Ројал“, градското пристаниште, плажата „Ј’но“, „Сараиште“, „Потпеш“, „Канео“, пред одморалиштето „Партизан“ и кај хотел „Мизо“.

Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека редовното следење на квалитетот на езерската вода е важно за заштита на здравјето на капачите и за навремено реагирање доколку се појават промени во состојбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни