Македонија

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов – сега го чекаме нашиот Никола“

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов – сега го чекаме нашиот Никола“

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави дека стапил во брак, споделувајќи емотивна порака на социјалните мрежи. Тој порача дека започнува ново животно поглавје, исполнето со љубов, одговорност и исчекување на приновата во семејството.

Во својата објава, Костадинов напиша дека со својата избраничка ја крунисале љубовта со брак и дека зад нив е прекрасен ден поминат во друштво на најблиските.

„Ја крунисавме нашата љубов со брак. Зад нас оставивме одличен забавен ден, поминат со луѓе кои навистина знаат како да се радуваат на нашата среќа, пред нас следува нова страница од животот“, напиша Костадинов.

Тој истакна дека новото поглавје носи голема одговорност, но и вистинска смисла на животот.

„Мојата најважна улога отсега е да бидам сигурен столб и заштитник на моето семејство“, порача поранешниот градоначалник.

Воедно откри дека со сопругата го очекуваат раѓањето на нивниот син Никола.

„Со срца полни со мир и благосостојба, сега го чекаме нашиот Никола да дојде на овој свет и целосно да ни го комплетира животот“, напиша Костадинов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни