Македонија

Ден на рударите, Атанаско 16 години во рудник, професија наследена од таткото

Со среќа! Нашата безбедност, нашиот живот, безбедноста пред се. Вака пишува на влезот на секој рудник, но колку се навистина среќни рударите кои секојдневно го ризикуваат својот живот?

Атанаско 16 години работи во рудникот Саса кој се наоѓа во М. Каменица. На Денот на рударите тој е избран за најдобар. Иако секој ден животот му е во опасност, тој ја сака својата работа. И неговиот татко бил рудар во стариот рудник Саса. Некогаш оваа работа била најтешка, а сега со софистицираната опрема е малку олеснета, вели Атанаско.

Оваа година рударите ќе одат во пензија согласно новиот закон според кој рударите ќе се пензионираат само со работен стаж, жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж. Министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска вели дека со намалување на возрасната граница за пензионирање избришана е голема неправда.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вети дека оваа влада ќе направи се за да обезбеди рационална и стабилна употреба на минералните извори од инвеститорите низ рудниците. Тој рече дека истовремено ќе  се посвети максимално внимание на животната средина и социјалната благосостојба на жителите од околината.

Инаку, според Државниот завод за статистика, просечната нето месечна плата на рударите за месец јуни, по сектори изнесува: рударство и копање камен 32.912 ден, копање јаглен 20. 109 ден, копање метална руда 34.485 ден, копање друг вид руда и камен 31. 701 ден, помошни служби во рударството 27. 842 ден.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни