Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денес се враќа на своето работно место. Според информации на Телма, тој се очекува да пристигне во општината и повторно да ги преземе градоначалничките надлежности.
Во негово отсуство поради боледување, општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа.
Во јавноста се појавија шпекулации за можноста Лукровски да се повлече од функцијата и да бидат распишани избори, но премиерот ги отфрли таквите наводи.