Непознат инцидент во основно училиште на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров завршил со оштетена спортска сала и запалени учебници во училишниот двор, информираат од МВР.
Според полициските податоци, на 3 јули 2026 година, во СВР Скопје во 13:35 часот било пријавено дека во временскиот период од 04:00 до 05:00 часот непознати сторители со употреба на физичка сила ги оштетиле влезните врати од спортската сала на основното училиште.
Од објектот биле одземени два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во училишниот двор, каде биле запалени учебници што исто така биле земени од училиштето.
Од СВР Скопје соопштија дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа, а се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.