Македонија

ЦУК: Еден активен пожар кај Куманово, пет изгаснати на повеќе локации

ЦУК: Еден активен пожар кај Куманово, пет изгаснати на повеќе локации

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека заклучно со денеска до 13:00 часот се регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор на територијата на државата. Од нив, еден пожар е сè уште активен, додека пет се изгаснати.

Според податоците од ЦУК, активниот пожар е во општина Куманово, на местото викано „Пармакови Ниви“, каде гори сува трева.

Во меѓувреме, изгаснати се пет пожари на различни локации низ државата. Во општина Демир Капија, во селото Прждево, биле зафатени две куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума. Во општина Ѓорче Петров, кај селото Волково во близина на Лепенец, горела депонија.

Пожар е изгаснат и во општина Новаци, во селото Новаци, каде горела сува трева, како и во општина Дебар, каде било зафатено ѓубре. Петтиот пожар е регистриран во општина Кочани, на потегот од селото Грдовци кон Мојанци, каде исто така горела депонија.

ЦУК продолжува со следење на состојбата на терен, а надлежните служби се ангажирани за целосна локализација и спречување на нови пожари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни