Македонија

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судскиот совет денеска ја избра Даниела Димовска за нов претседател на Основниот кривичен суд Скопје, со што таа и официјално ќе раководи со најголемиот кривичен суд во државата во полн мандат.

До изборот дојде по спроведена постапка по јавен оглас, на кој кандидатури поднесоа двајца судии од Основниот кривичен суд Скопје – Даниела Димовска, која досега ја извршуваше функцијата како вршител на должност претседател, и судијата Ивица Стефановски.

Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете кандидатури ги исполнувале законските услови и дека кандидатите успешно ги поминале сите предвидени фази од постапката, вклучително тестирањата и интервјуата.

По разгледувањето на извештајот на Комисијата и гласањето на членовите на Судскиот совет, мнозинството гласови ги доби Даниела Димовска, која беше избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

Димовска изминатата година ја извршуваше функцијата како вршител на должност претседател на судот. Претходно беше судија во Одделението за организиран криминал и корупција, каде постапуваше по предмети поврзани со организираниот криминал и високата корупција.

Со денешната одлука на Судскиот совет, таа добива целосен мандат да раководи со Основниот кривичен суд Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни