Македонија

Во Македонија над 614 илјади вработени во 2025 година, бројот речиси непроменет

Во Македонија над 614 илјади вработени во 2025 година, бројот речиси непроменет

Пазарот на труд во Македонија во 2025 година останал речиси стабилен, со минимална промена во бројот на вработени лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава биле евидентирани 614.334 вработени, што е намалување од само 0,1 отсто во однос на претходната година.

Од вкупниот број вработени, 330.240 се мажи, додека 284.094 се жени, покажуваат податоците на статистичарите.

Иако вкупната бројка на вработени речиси и да не се променила, разлики се забележуваат меѓу одделни економски сектори.

Најголем пад на бројот на вработени е регистриран во преработувачката индустрија, каде бројот на работници во 2025 година се намалил за 5,2 отсто во споредба со 2024 година.

Наспроти тоа, дел од услужните дејности бележат раст. Во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна бројот на вработени се зголемил за 5,5 отсто, додека во административни и помошни услужни дејности растот изнесува 3,3 отсто.

Податоците покажуваат дека и покрај стабилниот вкупен број на вработени, структурата на вработувањето продолжува да се менува, со прераспределба на работната сила меѓу различни сектори од економијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни