Македонија

Кривична пријава за кичевец и фирма: Бесправно изграден објект ја оштетил Општина Кичево за над 2,1 милиони денари

Кривична пријава за кичевец и фирма: Бесправно изграден објект ја оштетил Општина Кичево за над 2,1 милиони денари
Фото: 4news.mk

ОВР Кичево поднесена кривична пријава против Е.Џ.(53) од кичевското село Зајас и правен субјект со седиште во Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Е.Џ., во својство на сопственик и управител на правното лице, во текот на 2020 година, на катастарски парцели во Кичево, од кои дел се во државна сопственост, без одобрение за градба и друга потребна документација издадена од надлежен државен орган, неовластено изградил деловен објект.

Со тоа, пријавениот го оштетил  буџетот на општина Кичево во вкупна вредност од 2.188.806 денари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни