Македонија

Се запали возило во движење кај Чаир, возачот со изгореници пренесен во болница

Се запали возило во движење кај Чаир, возачот со изгореници пренесен во болница

На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење.

Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни