Македонија

Уапсен Александар Лазаров, кој избега низ прозорец од полициската станица во Кочани

Уапсен Александар Лазаров, кој избега низ прозорец од полициската станица во Кочани

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје бил уапсен Александар Лазаров (41) од Кочани, кој минатата недела избега низ прозорец од Полициската станица во Кочани. По него беше распишана потерница по барање на Основниот суд во Кочани, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според МВР, на 14 јули 2026 година, по оперативни информации за лице за кое е распишана централна и меѓународна потерница, полициски службеници од СВР Скопје – Потраги го лишиле од слобода Лазаров. Тој е спроведен во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Лазаров беше приведен минатата недела на влезот во селото Истибања, во виничкиот регион, заедно со Ј. Ј. (25). При претрес на возилото со кое се движеле, инспектори пронашле и одзеле бела прашкаста материја. Следниот ден тој успеа да побегне од Полициската станица во Кочани, по што беше распишана и меѓународна потерница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни