Македонија

По невремето следува нов топлотен бран: Температурите денеска до 39 степени

По невремето следува нов топлотен бран: Температурите денеска до 39 степени

По локалните врнежи и невремето што зафати делови од земјава, денеска Македонија повторно ќе биде под влијание на сончево и многу топло време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната дневна температура ќе се движи од 31 до 39 степени.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, претежно во одделни подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне се можни краткотраен дожд и грмежи, а максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Според мерењата на УХМР, најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, наврнал во Битола, каде се измерени 28 литри на квадратен метар. Во Претор се измерени 19 литри, во Крушево 3 литри, а во Тетово 1 литар на квадратен метар.

Од УХМР посочуваат дека поради локалниот карактер на врнежите, количината на дожд може значително да се разликува од место до место, па на одредени локации таа може да биде и многу поголема од официјално измерената.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни