Македонија

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, тројца негови сопатници побарале помош

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, тројца негови сопатници побарале помош

На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М..

Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив.

Лекар констатирал смрт кај лицето, без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција.

Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“-Гевгелија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни