Македонија

Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за обљуба врз 32-годишна жена од Србија

Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за обљуба врз 32-годишна жена од Србија

Скопската полиција поднесе кривична пријава против две лица осомничени за сторено кривично дело „полов напад и силување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје доставена е пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцата од Скопје.

Според пријавата, постојат основи на сомнение дека на 17 јули 2026 година околу 21:45 часот, во близина на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје.

Двете лица биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка времено одземање на патната исправа.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни