Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела во поле, завршила во болница

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела во поле, завршила во болница

Несекојдневен случај во велешко – 61-годишна жена била касната од опасниот пајак црна вдовица додека работела земјоделски работи во поле во селото Еловец.

Набргу по каснувањето, жената почувствувала силни болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што побарала лекарска помош и била примена во Ургентниот центар во Велес.

Лекарскиот тим веднаш ѝ укажал медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, пациентката била упатена на понатамошно лекување.

За да се утврди видот на пајакот, тој бил донесен во болницата, каде што било потврдено дека станува збор за црна вдовица – вид познат по силниот отров.

Од велешката болница информираат дека не паметат ваков случај во последните 40 години. Црната вдовица е присутна во карпестите и суви предели во регионот, а нејзиниот отров делува како невротоксин и може да предизвика интензивна болка, мускулни грчеви, потење, мачнина и други реакции кај каснатите лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни