Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле евидентирани 45 нови прегледи. Од нив, 26 пациенти биле прегледани на инфективното одделение, каде биле регистрирани и две нови хоспитализации, додека 18 прегледи биле реализирани на педијатриското одделение.
Во моментов, на инфективното одделение се хоспитализирани двајца пациенти, а уште двајца пациенти се згрижени на одделението за педијатрија.
Во Здравствениот дом Гостивар, пак, во дежурната служба биле регистрирани 28 нови прегледи на пациенти кои побарале лекарска помош.
Здравствените установи продолжуваат со обезбедување на здравствена грижа за пациентите и следење на состојбата во наредниот период.